Poco F2 Pro повторно атакува во премиум класата

Објавено на 12.05.2020 во Новости



Poco F2 Pro повторно атакува во премиум класата

Pocophone конечно како суб-бренд на Xiaomi го лансираше долго очекуваниот наследник на Poco F1, првиот модел кој беше вистински премиум „убиец“ со ултра ниската цена и квалитетните перформанси.

Сега доаѓа новиот Poco F2 Pro со почетна цена од 500 евра, навистина нешто поскап во однос на неговиот претходник, но и многу поевтин ако се спореди со сите останати премиум модели годинава кои се речиси двојно поскапи.

Poco F2 Pro располага со 6,6 инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели, работи со најмоќниот осум-јадрен Snapdragon 865 процесор, има 6 GB RAM и 128 GB основна вградена меморија, како и батерија со капацитет од 4700 mAh со брзо полнење од 33W со Quick Charge 4+ технологијата.

Исто така овој нов моќник поседува и четири сензори на главната камера на задната страна од кои примарниот сензор има 64 мегапиксели. Селфи камерата доаѓа со pop-up механизам и 20 мегапиксели.