Samsung Galaxy Note 20 ќе има индикатор околу селфи камерата

Објавено на 13.05.2020 во Новости



Samsung Galaxy Note 20 ќе има индикатор околу селфи камерата

Кај претходни модели гледавме LED индикатори за нотификации, но поради барањата за поголеми екрани и помали рамки, беа исфрлени. Samsung сега очигледно има план повторно да ја врати оваа корисна алатка кај Galaxy Note 20.

LetsGoDigital открива дека јужнокорејската компанија има пет регистрирани патенти за дизајн од 16 октомври, 2019. Сите патенти се за графички интерфејс околу селфи камерата, што е еднакво на punch hole на екранот. Индикаторот ќе биде во форма на прстен околу селфи камерата, кој ќе известува за прогрес на фајлови што се преземаат, кога ќе се снима видео и друго.



Прочитајте повеќе: