Google Chrome ќе има опција за видео-конференција до 12 луѓе

Објавено на 14.05.2020 во Новости



Google Chrome ќе има опција за видео-конференција до 12 луѓе

Google ќе понуди повици директно од прелистувачот Google Chrome со дури 12 луѓе истовремено, благодарение на интеграцијата со Google Duo. Апликацијата на Google за видео повици Google Duo веќе долго време нуди групни повици.

За остварување на групен повик во Chrome ќе треба да се пријавите во Duo for Web користејќи го својот телефонски број или Gmail профилот. Во моментот може да се остваруваат само директни повици меѓу корисниците, а групните повици ќе станат достапни во текот на следната недела.