PlayStation 4 и натаму е хит конзола за видео игри

Објавено на 14.05.2020 во Новости



PlayStation 4 и натаму е хит конзола за видео игри

PlayStation 4 ја надмина бројката од 110 милиони продадени примероци, со што е меѓу најуспешните конзоли за видео игри на сите времиња. 

Само во првиот квартал од годинава продадени се 1,5 милиони конзоли, што ако се спореди со истиот период лани во 2019 година, продажбата е падната за околу 40%, но од друга страна за конзола која веќе годинава оди во историјата бројките се доста импресивни.

Продажбата на PlayStation 4 е претежно мотивирана од пандемијата со КОВИД-19 кога интересот за видео игри се зголеми, а гејмерите имаат повеќе време седејќи дома затворени почитувајќи ги мерките за изолација. 

Оваа празнична сезона ќе биде лансирана петтата генерација на конзолата за видео игри, а од Sony велат дека производството е непречено и нема да има одложувања.