Huawei уште цела година со забрана од Доналд Трамп

Објавено на 14.05.2020 во Новости



Huawei уште цела година со забрана од Доналд Трамп

Huawei во текот на целата наредна година ќе остане на листата на компании со кои е забрането да се соработува од американска страна, што значи и дека во наредниот период мобилниот гигант нема да може добие лиценца од Android за пристап до апликациите во Google Play Store.

Првично преговорите меѓу САД и Кина се одвиваа позитивно кон можно решение, но по ширењето на корона вирусот Трамп ја заостри реториката против кинеската влада. Исто така, САД се противи на ширењето на кинеските компании како Huawei на полето на мобилната технологија, особено со развојот на 5G мрежата.

За Huawei понатаму императив ќе биде развојот на нивниот маркет на апликации Huawei App Gallery и на Huawei Mobile Services за обезбедување на сите софтверски потреби на корисници, особено на тие на западните пазари кои се навикнати на пристапот до Play Store.

Автор: Aleksandar Stankov