Samsung Galaxy Fold Lite доаѓа со цена од 1,100 долари

Објавено на 15.05.2020 во Новости



Samsung Galaxy Fold Lite доаѓа со цена од 1,100 долари

Samsung Galaxy Fold 2 пристигнува за три месеци, а најновите информации од Макс Вејнбах се дека компанијата развива поевтин модел, што ќе ги прескокне најновите и фенси опции. Новиот евтин преклопен смартфон Samsung Galaxy Fold Lite ќе биде без тенко стакло и со помал надворешен дисплеј.

Новиот модел би можел да се вика и ‘Galaxy Fold Lite 4G,’ кој ќе биде со пластичен екран како оригиналниот Fold. Се уште немаме точни информации, но се претпоставува дека неговата цена би била 1100 долари. Под хауба се очекува да биде со Snapdragon 865 процесор, што го има во Galaxy S20 Ultra, 256GB внатрешна меморија и 8GB работна меморија.