Трамп со закана до Apple - Вратете го производството во Америка

Објавено на 15.05.2020 во Новости



Трамп со закана до Apple - Вратете го производството во Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на компаниите од САД меѓу кои и Apple, да го вратат своето производство на американско тло инаку во спротивно ќе им наметне повисоки даноци.

Администрацијата на Трамп подготвува нова регулатива со која сака да го намали производството за американски компании во Кина без оглед колку тоа би ги чинело гиганти како Apple кои се навикнати на евтините кинески добавувачи и условите во фабриките за склопување на електронски уреди.

Трамп исто така истакна дека појавата на корона вирусот покажала дека синџирите за достава на компоненти се ранливи и дека не функционираат.





Прочитајте повеќе: