GTA 5 е целосно бесплатна, со 1 милион кредит за GTA Online

Објавено на 15.05.2020 во Новости



GTA 5 е целосно бесплатна, со 1 милион кредит за GTA Online

Хит играта GTA 5 на Rockstar студиото е бесплатна за инсталирање преку лаунчерот на Epic Games како подарок за гејмерите. Промотивниот период до кога може бесплатно да ја инсталирате GTA 5 е до 21 мај, па затоа треба да побрзате.

Најавата дека GTA 5 ќе биде бесплатна засекогаш за вас, доаѓа и со 1 милион кредит за играње на GTA Online со отворен свет каде може во мултиплеер да се соочувате со другите гејмери.

Сосема очекувано продавницата на Epic Games беше целосно блокирана во првиот налет на инсталации, па така доколку имате одредени проблеми или одложување, бидете трпеливи и ќе може да ги искористите сите бенефиции на GTA 5.