Facebook го „проголта“ Giphy за 400 милиони долари

Објавено на 18.05.2020 во Новости



Facebook го „проголта“ Giphy за 400 милиони долари

Моќната технолошка корпорација Facebook не застанува и овој пат обезбеди нова аквизиција купувајќи го сервисот за гифови Giphy во зделка вредна 400 милиони долари.

Веќе подолго време кога на Messenger преку Facebook или Direct на Instagram барате гифови меѓу топ резултатите се појавуваат креациите споделени преку Giphy. Нивната архива ќе биде подлабоко интегрирана во апликациите на Facebook и Instagram како за пораки, така и за стори.

Од друга страна пак, самиот сервис на Giphy нема да претрпи засега никакви промени и корисниците ќе може да продолжат да споделуваат и креираат свои гифови.