Следната пандемија ќе пристигне од Амазонија?!

Објавено на 18.05.2020 во Новости



Следната пандемија ќе пристигне од Амазонија?!

Следната пандемија би можела да тргне од амазонските прашуми, предупредува бразилскиот еколог Дејвид Лапола и тврди дека човечкото посегнување по живеалиштата на животните ги преминува сите граници поради несмислено сечење на шумата.

Научниците тврдат дека урбанизацијата на дотогашните дивини придонесува појава на зоонотски болести, оние кои од животните преминуваат кај луѓето. Тоа го вклучува и новиот коронавирусо, кој најверојатно се префрлил од лилјак на човек во кинеската покраина Хубеи, која забрзано се урбанизира. Амазонија е голем резервоар на вируси, затоа тој смета дека со сечењето на прашумата ќе ги ослободи вирусите и лесно ќе стигнат кај човекот.