Huawei создава алтернатива на Google

Објавено на 18.05.2020 во Новости



Huawei создава алтернатива на Google

Денеска започна 3 дневниот аланалитички самит на Huawei. Истиот се одржува само по неколку дена од воведувањето на санкциите од страна на САД.

Прецедателот на бордот на Huawei, господинот Guo Ping на самиот почеток призна дека тоа ќе има ефект на кинескиот производител технологија, нот тој е убеден дека  Huawei ќе најде решение и овој пат.

Ротирачкиот прецедател на Huawei, Guo надополни дека се спремни да соработуваат со сите, и дека голем дел од нивните патентирани софтвери се отворени поставени како open source и истите може да се користат од различни производители на софтвер. Тој исто така посочи дека минатата година Huawei извршило порачка од Американски компании во износ од $18,9 билиони долари.

Huawei решил да инвестира 30 % од вкупниот приход во 2019 во R&D, со цел развивање на свој еко систем, како алтернатива на Google.