Протекоа спецификации за Surface Duo со два дисплеја

Објавено на 19.05.2020 во Новости



Протекоа спецификации за Surface Duo со два дисплеја

Microsoft минатата година го претстави лаптопот и смартфонот со два екрана. Двата уреда требаше да се појават кон крајот на 2020 година, но за лаптопот сепак треба да почекаме до следната година.

Смартфонот Surface Duo ќе биде достапен во последниот квартал од оваа година, за кого се открива дека ќе има два екрана со големина од 5,6-инчи и резолуција од 1800 x 1350 пиксели. Телефоните наводно веќе се тестираат меѓу вработените во Microsoft и хардверот каков моментално се користи повеќе или помалку и би требало да биде ист како и кај модеот што ќе биде достапен на пазарот. 

Surface Duo ќе има Snapdragon 855 процесор, кој е одличен и моќен чипсет, кој тука доаѓа затоа што производителот сака да ја намали цената, со оглед на тоа што Snapdragon 865 е најновиот процесор. Ќе има и посебен чип за 5G. Телефонот ќе биде со 6GB RAM меморија и 64GB/256GB внатрешна меморија, камера од 11MP и Android 10 софтвер. Батеријата ќе биде со капацитет од 3460mAh и ќе издржи еден ден користење.