Netflix ја враќа високата резолуција во Европа
Објавено на 19.05.2020 во Новости
Netflix повеќе нема да се соочува со ограничувања за видео стримингот во Европа откако повеќе земји ги олабавија рестриктивните мерки, па така добар дел од вработените се враќаат на работните места и општествените активности се враќаат во нормала.
Тоа значи дека постепено во зависност од мерките во одреден регион Netflix ќе може да ја врати високата резолуција на видео стриминг вклучувајќи и 4K HD резолуција за соодветните содржини.
Ограничувањата беа поставени поради зголемената потрошувачка на интернет сообраќај на мултимедијални платформи како Netflix, YouTube, Facebook, Instagram и други сервиси.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.