Sony ја започнува продажбата на Xperia 1 II

Објавено на 19.05.2020 во Новости



Sony ја започнува продажбата на Xperia 1 II

Sony Mobile мораше привремено да го одложи лансирањето на неколку смартфони годинава поради економската и здравствена криза со Ковид-19, но сега повторно се враќа во игра.

Во продажба со план за пласман на повеќе пазари е пуштен веќе најавениот смартфон Sony Xperia 1 II кој чини околу 1000 евра во премиум класата.

Sony Xperia 1 II располага со 6,5 инчен 4K HD OLED дисплеј, работи со моќен осум-јадрен Snapdragon 865 процесор, 8 GB RAM, 256 GB меморија, поседува главна камера со четири сензори и батерија со капацитет од 4000 mAh.