Samsung Galaxy A41 иA21s – врвна иновација по одлична цена

Објавено на 19.05.2020 во Новости



Samsung Galaxy A41 иA21s – врвна иновација по одлична цена

Скопје, 19.мај 2020. годинаКомпанијата Samsung Electronics Co., Ltd. ги претстави најновите паметни телефони од А серијата - Galaxy A21s и Galaxy A41, кои воодушевуваат со сјајниот дизајн и одличните перформанси. Двата уреди доаѓаат со унапредени камери, врвен екран и долготрајни батерии.

Samsung Galaxy A41спој на елеганцијата и функционалноста

Samsung Galaxy A41 доаѓа со врвен Super AMOLED Infinity-U екран од 6,1 инч, кој што овозможува извонредно искуство во гледањето. Овој паметен уред е опремен со издржлива батерија од 3.500 mAh, со можност за брзо полнење од 15W, па батеријата од овој капацитет не го остава корисникот на цедило.

Освен тоа, трите камери, од кои главната е 48MP, макро камерата од 5MP и ултра-широката камера од 8MP овозможува создавање на висококвалитетни фотографии. За воодушевувачки селфиња и видео повици е задолжена предната камера од 25MP, со фокус во живо.

Покрај одличните можности, овој модел има и елегантен дизајн кој што дополнително се истакнува со заоблените агли, но и со посебните шари на задната страна на уредот во нови палети на бои: Prism Crush Black, Prism Crush White и Prism Crush Blue, со краен, сјаен слој. Телефонот на македонскиот пазар ќе биде достапен од 22. мај 2020, по цена од 17.999,00денари.

Samsung Galaxy A21sврвни камери и одлично видео искуство

Екранот Infinity-O во комбинација со 6,5-инчен дисплеј со приказ на резолуцијата во висока дефиниција ги класифицира Galaxy A21s во уредите кои што обезбедуваат уникатно визуелно искуство. Без разлика на тоа дали корисниците играат игри или гледаат видеа,соодносот 20:9 на прикажаната содржина во комбинација со звукот на Dolby Atmos создава супериорно видео искуство. Можностите на тројната камера ќе бидат доволни за сечии потреби. Главната камера од 48MP и ултра-широката камера од  8MP овозможуваат фотографирање на професионално ниво, додека за фокусирање е задолжена камерата од 2MP.

И со овој телефон корисниците можат да го поминуваат времето во безгрижно играње на игри и снимање на видеа, благодарејќи на долготрајната батерија од 5000 mAh, а брзото полнење од 15W овозможува брза достапност на уредот. Дополнително, со просторот за складирање од 64GB внатрешна меморија и до 512GB надворешна меморија, корисниците нема да мора да се грижат далиимаат доволно простор за својата омилена содржина. Уредот во Македонија ќе биде достапен од јуни, во црна, бела и сина боја, по почетна цена од11.999,00 денари.

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смарт телефоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја http://news.samsung.com.