Facebook ја претстави интернет продавницата Facebook Shop

Објавено на 20.05.2020 во Новости



Facebook ја претстави интернет продавницата Facebook Shop

Facebook ја претстави својата верзија на онлајн продавница, смислена како едноставен канал за мали бизниси. Како што истакнуваат за време на претставувањето, корисниците на оваа социјална мрежа веќе со години ги користат апликациите на Facebook за купување и продажба, од Marketplace до купување на производи од омилени брендови или инфлуенсери на Instagram. 

Додаваат дека сакаат да им помогнат на малите бизниси да се прилагодат на трендовите, а на купувачите полесно да пронајдат и купат производи што им се допаѓаат, а купувањето да го доживеат како забава. Facebook го лансира Facebook Shop, кој ќе биде многу едноставен и бесплатен за лансирање, а ќе биде достапен за цел свет.