Со новиот iPhone 12 нема да доаѓаат бесплатни слушалки

Објавено на 20.05.2020 во Новости



Со новиот iPhone 12 нема да доаѓаат бесплатни слушалки

Apple ќе најде уште еден начин како да извлече по стотина евра од џебот на корисниците. Според информациите со кои располага аналитичарот Минг Чи Ку, во пакувањето на новиот iPhone 12 нема да следуваат бесплатни слушалки.

Вообичаено со сите модели на iPhone досега во пакетот имаше и EarPods слушалки кои се поврзуваат со кабел. Сепак, постепено маркетинг стратегијата се движеше најпрво со отстранување на 3,5 милиметарскиот аудио влез, а потоа и со лансирање на безжичните слушалки Apple AirPods.

EarPods инаку чинат околу 30 евра, што ќе оди на товар на корисникот, а исто така веќе е укинат и дополнителниот Lightning адаптер за полначот. Корисниците ќе мора да си купат соодветни слушалки и адаптер, или пак да ги купат безжичните AirPod слушалки кои чинат околу 200 евра.