Естонија ќе ги заштитува луѓето со дигитален имунолошки пасош

Објавено на 21.05.2020 во Новости



Естонија ќе ги заштитува луѓето со дигитален имунолошки пасош

Првиот дигитален имунолошки пасош во светот се тестира моментално во Естонија. Пасошот е креиран од глобалните технолошки стартапи Transferwise и Bolt, за да може луѓето безбедно да се вратат на работа после карантин.

„Дигиталниот имунолошки пасош има цел да го намали стравот кај луѓето и да ги поттикне општествата низ цел свет да продолжат нормално со своите животи во ова време на коронавирус“, соопштува Тавет Хинрикус, основачот на Transferwise.

Дигиталниот имунолошки пасош претставува збир од податоци од тестирања, кои подоцна се споделуваат со други луѓе. На тој начин се споделуваат податоците со работодавaчите со помош на привремен QR код, кој се генерира после секоја дигитална автентикација.