Samsung го претстави Galaxy S20 Tactical Edition за воени операции
Објавено на 21.05.2020 во Новости
Samsung Galaxy S20 излезе во нова верзија наменет за воени операции во федералната влада. Samsung Galaxy TE (Tactical Edition) има модифициран софтвер и алатки за тактички и доверливи апликации. S20 TE соддржи DualDAR архитектура, алатка на Samsung Knox, која овозможува двослојна заштита на информации, енкрипција базирана на NSA стандарди, за највисоко ниво на заштита од хакирање на информациите.
Samsung работел претходно со Департментот за Одбрана за да го креира Galaxy S20 TE. Samsung Galaxy S20 TE ќе биде со 12GB RAM и 128GB ROM меморија, Android 10 софтвер и One UI 2, што ќе биде лансирано во третата четвртина на 2020 година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.