Facebook Shops е новата златна кокошка на Марк Цукерберг

Објавено на 22.05.2020 во Новости



Facebook Shops е новата златна кокошка на Марк Цукерберг

Од излегувањето на берзата до денес, Facebook помина низ бројни турбулентни периоди, но и покрај сите проблеми, критики и повикувања за бришење на таа социјална мрежа, цената на акциите и пазарната вредност на компанијата вчера достигнаа рекордно ниво.

Во текот на денот акциите пораснале за над 6% и нејзината цена достигнала 230 долари, со пазарна вредност на компанијата од 655 милијарди долари. Причината за тоа се наоѓа во фактот дека Цукерберг изгледа открил нова златна кокошка, а тоа е опцијата што Facebook ја претстави оваа недела - Shop