Сноуден: WhatsApp е направена за да профитира од вашите податоци

Објавено на 22.05.2020 во Новости



Сноуден: WhatsApp е направена за да профитира од вашите податоци

Истиот ден кога Германскиот уставен суд и забранил на германската обавештајна служба (BND) да ја следи интернет комуникацијата на странците во странство, на виртуелна конференција на Дојче Телеком - Digital X, гостувал еден од најпознатите свиркачи на светот - Едвард Сноуден.

Американецот работел со години за ЦИА и стана познат кога откри дека NSA ги прислушкува и ги следи луѓето без правна основа. Потоа морал да го напушти САД, а во последните седум години живее во Русија. Сноуден на конференцијата рекол дека WhatsApp не е дизајниран за да ви обезбеди сигурност, туку за да собере што е можно повеќе податоци и да им овозможат на нивните сопственици остварување на профит. 

Автор: Aleksandar Stankov