Instagram се вклучи во КОВИД-19 напорите - На видео чат до 50 луѓе
Објавено на 22.05.2020 во Новости
Instagram е најновата социјална мрежа која ги зголемува капацитетите со цел да одговори на напорите за справување со КОВИД-19 пандемијата преку подобри услуги за корисниците.
Во време на физичка дистанца и работа од дома, Instagram ја воведува можноста за воспоставување на видео разговор на кој може да учествуваат до 50 корисници, односно речиси идентично како и кај неодамна претставените функции на Facebook Messenger Room.
Покрај тоа што Instagram создава нови услуги во време на пандемија, сосема јасно е дека Facebook како компанија под чија капа е оваа социјална мрежа, ја продолжува битката и со новиот конкурент Zoom кој се стекна со огромен успех во изминатиот период на полето на видео разговорите.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.