Први детали за Huawei Enjoy Z со 5G

Објавено на 22.05.2020 во Новости



Први детали за Huawei Enjoy Z со 5G

Huawei наскоро ќе го лансира еден од своите досега најевтини смартфони со поддршка за 5G мобилна мрежа. Станува збор за новиот Huawei Enjoy Z кој веќе помина низ повеќе бенчмарк тестови, па така се откриени и повеќе детали за неговите спецификации.

Досега е познато дека Huawei Enjoy Z ќе располага со 6,5 инчен Full HD Plus дисплеј со резолуција од 1080 x 2400 пиксели, ќе работи со осум-јадрен Mediatek Dimensity 800 процесор, ќе има 8 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, тројна главна камера на задната страна со примарен сензор од 48 мегапиксели, 16 мегапикселна селфи камера и батерија со капацитет од 4000 mAh.

Автор: Aleksandar Stankov