Huawei Enjoy Z е најевтиниот 5G смартфон со топ понуда

Објавено на 25.05.2020 во Новости



Huawei Enjoy Z е најевтиниот 5G смартфон со топ понуда

Huawei го презентираше новиот 5G смартфон Huawei Enjoy Z кој е меѓу најевтините и најисплатливите мобилни уреди во оваа класа со цена од околу 250 долари. 

Huawei Enjoy Z 5G располага со 6.57 инчен FHD+ LCD дисолеј со стапка на освежување од 90Hz, работи со осум-јадрен MediaTek Dimensity 800 процесор, има 6 GB RAM и 128 GB основна вградена меморија, како и батерија со капацитет од 4000 mAh.

Huawei Enjoy Z 5G исто така има тројна главна камера на задната страна со примарен сензор од 48 мегапиксели и 16 мегапикселна селфи камера вградена во засек на предната страна на дисплејот.