Најстарата гејмерка на YouTube има 90 години

Објавено на 27.05.2020 во Новости



Најстарата гејмерка на YouTube има 90 години

Досега само младите сакаа и сонуваа да станат познати гејмери, но овој пат ја имаме Хамако Мори од Јапонија, која често останува будна до раните утрински часови, борејќи се во виртиеулните светови на  Grand Theft Auto.

Каналот Gamer Grandma на YouTube го отворила во 2015. година и месечно објавува по четири видеа, т.е. се снима додека игра. Има речиси 270 илјади следбеници, што е респектабилна бројка, а некои нејзини видеа се прегледани и над милион пати. Сето тоа немаше да биде чудно, доколку Хамако Мори немаше 90 години.

Автор: Aleksandar Stankov