Времето ја „приземји“ ракетата на SpaceX и NASA

Објавено на 28.05.2020 во Новости



Времето ја „приземји“ ракетата на SpaceX и NASA

Времето ги расипа плановите на SpaceX и NASA за лансирање на Falcon 9. Следниот обид за лансирање ќе биде во сабота. Керозинот и течниот кислород веќе биле наполнети во ракетата, но времето уништило се. 

Дури и рампата за влегување на екипажот била повлечена од ракетата. Се зависи од времето, доколку времето дозволи, SpaceX ќе направи историски чекор во вселенското патување. Во план е двата астронаута од NASA, Боб Бенкен и Даг Хурли, да влезат во леталото Crew Dragon и од Kennedy Space Center да полетат кон Меѓународната вселенска станица.





Прочитајте повеќе: