Познати се боите на Samsung Galaxy Note 20

Објавено на 28.05.2020 во Новости



Познати се боите на Samsung Galaxy Note 20

Речиси секогаш снаодливиот ликстер Иван Блас откри сочни детали за новата серија на премиум фаблети Samsung Galaxy Note 20 поврзана со дизајнот и изборот на бои на маската кои ќе им бидат достапни наесен на корисниците.

Според evleaks новиот Samsung Galaxy Note 20 првично ќе биде достапен со избор на црна и бакарна боја на задниот дел на телото изработен од квалитетен алуминиум.

Познавајќи ја праксата на Samsung, за очекување е по официјалниот пласман, да има лансирање и на нови бои на телото на Samsung Galaxy Note 20 што ќе ги задоволи сите вкусови и трендови.