Зошто NASA и SpaceX се откажаа од лансирањето во последен момент

Објавено на 29.05.2020 во Новости



Зошто NASA и SpaceX се откажаа од лансирањето во последен момент

Се одело според план и сите проверки биле навремено извршени. Астронаутите се сместиле во Crew Dragon капсулата и со насмевка на лицето и мавање раце пред камерата покажувале дека се возбуден за историскиот лет.

17 минути пред полетувањето од контролниот центар на NASA добиле информација дека лансирањето е одложено. Не е поради техничка грешка, туку поради времето. Времето на пролет во Флорида е такво што многу сончев ден може да се претвори во дожд или бура. Самите облаци и дожд не се проблем, но екипата на Falcon 9 и Crew Dragon биле загрижени за нивото на електрицитет во атмосферата. 

Во превод, постоела голема можност за капсулата да ја удри гром и така да предизвика големи проблеми - од дефект на електрониката, до искра што може да го запали горивото и да доведе до експлозија. „Се плашевме дека можеме да предизвикаме молња ако ја лансираме ракетата“, објаснува директорот на NASA, Џим Брајденстин. 





Прочитајте повеќе: