Пролетна чистка на Netflix за неактивни претплатници

Објавено на 29.05.2020 во Новости



Пролетна чистка на Netflix за неактивни претплатници

Netflix почна да ги брише корисниците што не гледаат од својата база. Сите што имаат претплата на Netflix, но не го користат сервисот за гледање филмови и серии на интернет, ќе добијат прилика дали сакаат да бидат и понатаму претплатници на Netflix.

„Ќе бараме од сите што не гледаат ништо на Netflix во последната година, да потврдат дали сакаат да ја задржат својата претплата“, истакнуваат од Netflix.

Пораките може да се појават во апликацијата и во електронската пошта во следните неколку недели. Ако ја игнорирате пораката од Netflix, тогаш вашата претплата автоматски ќе биде откажана.