Илон Маск: Цело човештво треба да биде гордо на овој момент

Објавено на 31.05.2020 во Новости



Илон Маск: Цело човештво треба да биде гордо на овој момент

Името и презимето на Илон Маск заедно со неговата компанија SpaceX ќе бидат запишани во историјата за лансирањето на ракетата Falcon 9 со капсулата Crew Dragon. Човекот што пред 18 години ја основаше компанијата за вселенски патувања, безброј пати го исмеваа и го нарекуваа „лудак“.

Синоќа, во 21:22 часот ги испративме американските астронаути во вселената на првиот комерцијален лет. 

„Денес сум исклучително емоционален. Искрено, тешко ми е да зборувам. Поминав 18 години работејќи за ова, па тешко е да се поверува дека тоа навистина се случи“. рече Маск после лансирањето на ракетата. 

Маск се надева дека ова е првиот чекор во патувањето кон наследувањето на Марс, кон животот што би станал повеќепланетарен, кон базата на Месечината и ширењето надвор од границите на Земјата. Астронаутите мора среќно да влезат во Меѓународната вселенска станица, да останат горе одредено време и потоа исто така среќно да се вратат. Враќањето е поопасно за одредени работи од лансирањето, така што уште не сакам да прогласам победа, вели Илон Маск.