Уште неспремен и по грешка Google го достави Android 11

Објавено на 02.06.2020 во Новости



Уште неспремен и по грешка Google го достави Android 11

Google направи голема грешка преку дел од серверите бидејќи новата бета тест верзија на оперативниот систем Android 11 ја достави до одредени корисници на Pixel смартфоните како финална и официјална.

Во овој момент надградбата со Android 11 не може да биде ниту финална ниту официјална бидејќи се работи за тест верзија која е далеку од спремна за дневна употреба, па оваа грешка мора итно да се среди во делот на известувањето до корисниците.

Исто така корисниците кои веќе ја инсталирале бета верзијата на Android 11 треба токму така и да ја третираат како пробен софтвер и да ги следат инструкциите на Google како и да дадат фидбек што е добро, а што не во оваа фаза.