Samsung го претставува Odyssey G7 гејминг монитор со најзакривениот екран досега

Објавено на 02.06.2020 во Новости



Samsung го претставува Odyssey G7 гејминг монитор со најзакривениот екран досега

Скопје, 2. јуни 2020. година – Предводникот на светскиот пазар на гејминг монитори[1], компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.,на глобално ниво го претстави иновативниот Odyssey G7 гејминг монитор.Овој уред првпат беше откриен на CES 2020 во Лас Вегас и претставува автентичен чекор напред во областа на полето нагејмингот, комбинирајќи го најзакривениот екран досега со најдобрите перформанси во класата.

Odyssey G7 е првиот 1000R монитор во светот, што значи дека има радиус на искривување од 1000 милиметри. Доаѓа со комбинација на моќни перформанси, како што е одзив од 1ms, стапка на освежување на екранот од 240Hz и кристално чиста QLED слика, која ќе им овозможи на гејмерите незаборавно искуство.

Перформансите на овие монитори е потврдена од TÜV Rheinland, водечката светска организација за сертификација на уреди, која ги препозна како најдобрите 1000R закривенигејминг монитори во индустријата, доделувајќи им ги сертификатот EyeComfort, за гејминг искуство кое е „најзадоволително за човечкото око“.

„Како глобален лидер на пазарот за гејминг монитори, Samsung продолжува да претставува иновативни уреди кои обезбедуваатгејминг искуство за новите генерации, поместувајќи ги границите на возможното“, изјави Hyesung Ha, виш потпретседател на одделението за визуелните дисплеи вокомпанијата Samsung Electronics. „Odyssey G7 е врвна комбинација на комфор, проширена перспектива, врвни перформанси и пријатно визуелно искуство.“

Моделите од 27 и 32-инчи ги карактеризира WideQuad-HighDefinition резолуција (WQHD; 2.560 х 1.440), сооднос на слика 16:9, светлина на екранот од 600 cd/m2 иQuantumdotтехнологија за исклучително прецизен приказ на боите, без оглед на осветлувањето.

Samsungна овој модел примени футуристички дизајнзаснован на темелно истражување на пазарот и коментарите на корисниците. Мат-црниот надворешен дел на куќиштето е поврзан со задниот дел во кој се вградени светла и чија боја може да се промени според желбите на играчот.

G7 поддржува NVIDIA G-SYNC®, како и Adaptive Sync технологии за прикажување, кои се задолжени да им овозможат на играчите исклучително динамично и непречено искуство во текот на играта.

SamsungOdyssey мониторите ќе бидат достапни низ целиот свет во текот на јуни. За повеќе информации, посетете ја https://displaysolutions.samsung.com/monitor/odyssey.

Модел

G7

Екран

Големина на екранот (во инчи)

32”, 27”

Сооднос на сликата

16:9

Вид на панел

QLED закривен

Закривеност

1000R

Стапка на освежување на екранот

240Hz

Одзив

1ms (GTG)

Резолуција

2,560 x 1,440 (QHD)

HDR

HDR 600

Осветленост на екранот

350cd/㎡

Општи карактеристики

Гејминг опции

G-SYNC Compatible, FreeSync Premium Pro

Гејмингмод

Custom/FPS/RTS/RPG/AOS/Cinema/DCR

Останати режими на работа

LowInputLagMode, VirtualAimPoint, BlackEqualizer, EyeSaverMode, FlickerFree,

Останато

Интерфејс

DisplayPort 1.4(2 EA), HDMI 2.0(1EA), USB3.0(1UP, 2DOWN), Слушалки

Можност за закачување на ѕид

Да (100 x 100mm)

Боја

Мат црна

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ апаратите, паметните телефони, преносливите уреди, таблети и дигитални куќни апарати, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологија. За повеќе информации и вести, посетете ја
news.samsung.com.