Vivo X50, Vivo X50 Pro и Vivo X50 Pro+ излегоа со новиот систем за стабилизација

Објавено на 02.06.2020 во Новости



Vivo X50, Vivo X50 Pro и Vivo X50 Pro+ излегоа со новиот систем за стабилизација

Vivo стана познат во февруари годинава кога го презентираше новиот APEX 2020 смартфон со иновативен систем за стабилизација. Сега наместо концептен телефон, имаме модел за масовна потрошувачка - X50, кој пристигнува во три верзии: Vivo X50, Vivo X50 Pro и Vivo X50 Pro+.

Се уште не ги знаеме сите спецификации детално за новата серија на Vivo, кои ќе излезат после јуни месец. Иновативниот систем за стабилизација на камерата е достапен само кај X50 Pro моделот, при што другите два го немаат. Главниот сензор кај X50 Pro е со 48MP кај главната камера со Sony сензор, 8MP на Zoom камерата и 8MP камера за широко-аголни слики, со 13MP камера за фотографирање на луѓе со специјални ефекти.

X50 Pro под хауба има Snapdragon 765G процесор, додека X50 Pro+ не е со системот за стабилизација, но затоа пак го има подобриот Snapdragon 865 процесор и подобра камера со Samsung сензор од 50MP и подобра големина, со што и квалитетот на сликата е подобар во мрачни услови.