Холандски ресторан „вработил“ роботи за пречек и послужување гости
Објавено на 03.06.2020 во Новости
Можеби многумина нема да поверуваат, но холандски ресторан „вработил“ келнери-роботи, како превентивна мерка против коронавирусот, да се намали контактот меѓу луѓето. Роботите се обоени со бело-црвена боја и наликуваат на жени со црвени престилки.
Задачата на роботите е да ги поздравуваат клиентите со „здраво“ и „добредојде“, да служат храна и да ги собираат чиниите од масите во ресторан Royal Palace, во градот Ренесе. Сопственикот Леа Ху вели дека роботите многу помагаат, но во оваа гранка дефинитивно не се може без луѓе.
Погледнете го видеото на овој линк.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.