Samsung Galaxy Note 20 Ultra 5G - Ќе има!
Објавено на 04.06.2020 во Новости
После објавувањето на Samsung на Galaxy S20 серијата, сега доаѓа на ред Note серијата, која исто така ќе има Ultra модел, а тоа може да се види на официјалните страници. Note 20 серијата излегува за неколку месеци.
Излезен е Bluetooth SIG сертификат за моделот со кодно име SM-N986U со Ultra додавка. „Следното големо нешто“ на Samsung ќе го има во три варијанти. Според аналитичарите ќе го имаме и Galaxy Note 20 Ultra 5G моделот, кој ќе пристигне 16GB RAM меморија, или можеби и повеќе.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.