Sony Xperia 1 II почнува со преднарачки

Објавено на 04.06.2020 во Новости



Sony Xperia 1 II почнува со преднарачки

Sony Xperia 1 II или „One Mark Two“ сега официјално почнува со преднарачки. Моделот со најдобриот процесор Snapdragon 865, кој беше откриен уште од февруари, се уште не може да се достави.

Поради таа причина ви е достапен за преднарачка преку официјалните веб страници, кој ќе излезе дури на 24 јули. Важно е да се напомене дека Sony Xperia 1 II е технички овозможен 5G уред, при што во модулот на камерата има три сензори од 12MP со Zeiss оптика, додека професионални фотографи ќе бидат среќни кога ќе слушнат дека задната камера има и RAW поддршка, брза Eye Autofocus технологија за луѓе и животни, и 3D Time-of-Flight сензор. Селфи камерата е 8MP, а екранот е CinemaWide 4K HDR OLED.