Samsung ќе лансира лимитирана верзија на Galaxy S20+ и Galaxy Buds+
Објавено на 04.06.2020 во Новости
Samsung го користи „оружјето со боите“ на пазарот со цел да ја зголеми продажбата. Некои производители пукаат на пазарот со ниски цени и евтини смартфони, додека јужнокорејскиот џин лансира Galaxy S20+ во Mirror Purple боја.
Новата едиција на Galaxy S20+, типувана од Макс Вејнбах ќе биде лансирана во комплет со Galaxy Buds+ со иста боја на 9 јули. Виолетовите Galaxy S20+ и Galaxy Buds+ ќе бидат објавени во Јужна Кореја, а потоа ќе станат достапни и низ цела Европа. Преднарачките почнуваат на 19 јуни.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.