CES 2021 ќе биде масовен евент повторно, но со социјално дистанцирање

Објавено на 04.06.2020 во Новости



CES 2021 ќе биде масовен евент повторно, но со социјално дистанцирање

Огромен број на настани и церемонии се откажани годинава поради коронавирусот. Повеќето беа одложени дефинитивно, а други пак беа одржани виртуелно. Како што пандемијата застанува во Европа, нови случаи се појавуваат некаде. 

И покрај ситуацијата, Consumer Technology Association евентот се планира за следната година - CES 2021. Според моменталните планови, настанот ќе се одржува од 6 јануари до 9 јануари. Никој не знае кога пандемијата ќе престане, па според тоа секако ќе има социјално дистанцирање на CES 2021, но сигурно е дека овој саем за потрошувачка електроника дефинитивно ќе се одржи.