HTC дури сега ќе лансира смартфон со Android 10

Објавено на 05.06.2020 во Новости



HTC дури сега ќе лансира смартфон со Android 10

На само неколку месеци до официјалното пуштање во употреба на следната верзија на оперативниот систем Android 11 некогаш моќниот бренд HTC дури сега ќе го лансира својот прв смартфон со Android 10.

HTC планира наскоро да го лансира моделот HTC Desire 20 Pro кој ќе биде просечен смартфон во средната класа со осум-јадрен Snapdragon 665 процесор, 6 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија, како и батерија со капацитет од 4000 mAh.

За HTC Desire 20 Pro исто така е познато дека ќе има 6,5 инчен дисплеј со резолуција од 1,080 x 2,340 пиксели, како и главна камера со повеќе сензори.