Xiaomi ќе се бори со 108 мегапиксели и 120x зум

Објавено на 05.06.2020 во Новости



Xiaomi ќе се бори со 108 мегапиксели и 120x зум

Xiaomi ќе влезе во рингот на шампиони со најмоќни камери подготвувајќи сопствен ѕвер од смартфон кој ќе има врвна камера со примарен сензор од 108 мегапиксели и рекорден хибриден зум од 120x.

Целта на Xiaomi со овој нов импресивен смартфон е да се бори со шампионот Samsung Galaxy S20 Ultra која има 108 мегапикселна примарна камера и Space Zoom од 100х.