Honor Play 4 Pro може да мери и температура
Објавено на 06.06.2020 во Новости
Новиот предводник на Honor може да мери телесна температура, што е супер добредојдена алатка во ова време на пандемија со COVID-19. Honor Play 4 Pro ја мери температурата преку инфрацрвениот сензор во модулот на камерата, наменет за мерење на температура на предмети и луѓе.
Мерењето се извршува со активирање на апликација, телефонот го доближувате до челото и температурата ќе ја покаже на телефонот. Може да се мери температура од -20 до 100 степени Целзиусови.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.