Twitter забрани уште еден твит на Трамп поради „проблематични авторски права“

Објавено на 06.06.2020 во Новости



Twitter забрани уште еден твит на Трамп поради „проблематични авторски права“

Twitter ја оневозможи видео посветата за Џорџ Флојд, кој на својот профил го објави американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека се проблематични авторските права. Видеото е мешавина од фотографии и видеа од протестните маршеви и случаи на насилство после смртта на Флојд, додека во позадина го има гласот на Трамп.

Смртта на Флојд од минатата недела после фаталната средба со полицаецот, доведе до протести низ целата земја. Во снимката што циркулирала наоколу, полицаецот клечеше на вратот на Флојд, кој се бореше за воздух и постојано стенкаше: „не можам да дишам“, пред да се онесвести. Twitter соопшти дека видеото на претседателот на кампањскиот профил е заштитено со авторски права. Трамп веднаш најави дека ќе го ревидира законот што ги штити социјалните мрежи од одговорност за содржините што ги објавуваат нивните корисници.