Xiaomi го подготвува првиот смартфон со двоен екран
Објавено на 06.06.2020 во Новости

Xiaomi го поднесе првиот поконкретен патент за изработка на смартфон на преклоп со двоен екран кој според скиците повеќе наликува на дизајнот на Huawei Mate X.
Според шематскиот приказ новиот Xiaomi Mi Fold ќе има двоен дисплеј кој ќе се превиткува од навнатре, односно опачината на екранот е поставена на надворешната страна, а двата екрана се од внатрешната страна.
Исто така Xiaomi Mi Fold ќе има модул на камерата со четири сензори и истата ќе се користи и како селфи камера во однос на тоа во каква позиција е смартфонот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.