Facebook не пронајде докази за вмешување на странски актери во демонстрациите

Објавено на 07.06.2020 во Новости



Facebook не пронајде докази за вмешување на странски актери во демонстрациите

„Активно баравме и не видовме странско вмешување или неавтентично однесување координирано внатре во земјата што цели кон овие демонстрации. Сакаме да ги предупредиме луѓето да не наседнуваат на заклучоци без јасни докази за надворешното влијание“, вели Натаниел Глечер, задолжен за стратегијата на Facebook за кибернетска безбедност.

Американскиот државен адвокат Вилијам Бар, во четвртокот соопшти дека странски организации ги водат дезинформациските кампањи, во екот на големите демонстрации, а сето тоа започна од смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд со неговото насилно приведување, како руските кампањи во текот на претседателските избори во 2016 година.