Moto E LE наскоро доаѓа како евтина варијанта

Објавено на 07.06.2020 во Новости



Moto E LE наскоро доаѓа како евтина варијанта

Motorola Mobility наскоро ќе ја лансира „лајт“ верзијата на добро познатиот евтин модел Moto Е со неколку новитети. 

Според најновите информации Moto E LE ќе располага со 6,5 инчен дисплеј со 1520 x 720 пиксели, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 632 процесор, 3 GB RAM, како и батерија со капацитет од 3,550 mAh.

Во однос на подобрувања на камерата Moto E LE ќе донесе двојна главна камера на задната страна. Исто така се очекува Moto E LE да се продава по цена од 150 евра.