Ќе се изненадите што се ќе понуди Xiaomi Redmi 9 за 150 евра

Објавено на 07.06.2020 во Новости



Ќе се изненадите што се ќе понуди Xiaomi Redmi 9 за 150 евра

Xiaomi ќе лансира уште еден вреден смартфон во основната класа со претпоставена цена од околу 150 евра. Новиот Xiaomi Redmi 9 веќе се појави на повеќе онлајн сајтови за продажба, па така познати се и неговите спецификации.

Xiaomi Redmi 9 ќе располага со 6,53 инчен Full HD + дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Mediatek Helio G80 процесор, 4 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија, како и фантастична батерија со капацитет од 5000 mAh.

Исто така Xiaomi Redmi 9 ќе понуди квалитетна главна камера со четири сензори од кои 8 мегапикселна ултра широка леќа, 13 мегапикселна широка леќа, сензор за длабочина од 2 мегапиксели и 5 мегапикселна макро леќа.

Автор: Aleksandar Stankov