Galaxy Note 20 Plus ќе има заоблен дисплеј

Објавено на 07.06.2020 во Новости



Galaxy Note 20 Plus ќе има заоблен дисплеј

Samsung Mobile по се изгледа нема да воведе огромни измени во визуелната презентација на следниот фаблет Samsung Galaxy Note 20 Plus, туку ќе има помали измени пред на предниот дел на дисплејот.

Според шематските рендери кои произлегоа од производителите на маски кои веќе ги имаат приближните димензии на новиот фаблет, Samsung Galaxy Note 20 Plus би има мала заобленост на рабовите на дисплејот странично. Ова е секако наследство од Edge ерата на Samsung, со тоа што овој пат не се промовира како нешто специјално, туку едноставно дел од самиот дизајн.

Исто така се открива и дека обичниот модел на Samsung Galaxy Note 20 ќе има рамен екран без никаков степен на заобленост. Двете форми имаат свои предности и недостатоци во зависност од тоа за каква употреба ви е првично фаблетот, но заоблениот модел секако ќе биде многу поелегантен и симпатичен