Со Xiaomi Mi Band 5 ќе се вршат мобилни плаќања
Објавено на 08.06.2020 во Новости
Xiaomi наскоро ќе го лансира новиот фитнес тракери кој ќе има најнапредни NFC функции како што се безконтактни мобилни плаќања со поддршка за MasterCard у електронско плаќање на билети во јавен превоз таму каде што е овозможено таков вид на поддршка.
Новиот фитнес тракер Xiaomi Mi Band 5 ќе има и бројни функции за водење на здрав живот, режим за релаксација на корисникот со препораки за начинот на дишење и пет нови режими на физички вежби и активности.
Промоцијата на Xiaomi Mi Band 5 се очекува да се одржи на 11 јуни, а неговата цена ќе биде многу прифатлива.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.