Samsung ќе има нов флексибилен смартфон што се превиткува во две насоки

Објавено на 09.06.2020 во Новости



Samsung ќе има нов флексибилен смартфон што се превиткува во две насоки

Samsung веќе работи на наследниците на своите флексибилни мобилни телефони Fold и Z Flip. Новиот патент веќе излезе во јавноста, кој би требало да биде уште пофлексибилен и ќе се витка на двете страни истовремено.

Дизајнот на патентот се појави на крајот на мај на американската канцеларија за патенти (USPTO) и светската канцеларија за интелектуална сопственост (WIPO). Според тие информации новиот модел на Samsung ќе може да извиткува горен дел од екранот кон предната страна, а долниот кон назад. Со други зборови, тоа ќе биде првиот смартфон со можност за двојно превиткување.