Младите се опседнати со TikTok

Објавено на 09.06.2020 во Новости



Младите се опседнати со TikTok

За повеќето млади, YouTube е најпопуларната апликација на која минуваат многу време и на која гледаат цртани филмови, спотови или пренкови. Од Кина се појави големата закана - аликацијата за споделување на кратки видеа TikTok.

TikTok ги освои децата и младите, која се закани за популарноста од YouTube, при што последното истражување што го објавила компанијата Qustodio, а спроведено е меѓу децата на возраст од 4 до 14 години во САД, Шпанија и Велика Британија, покажува дека наскоро децата би можеле дневно да минуваат повеќе време на TikTok, одошто на YouTube.